Новак Ѓоковиќ и повреден успеа да направи голем кам-бек против Франсиско Серундоло и да се пласира во четврт-финале, но тука ќе заврши авантурата на Србинот на Ролан Гарос.
По денешните детални прегледи било утврдено дека популарниот Ноле го оштетил менискусот на десното колено, па е принуден да се повлече од вториот гренслем-турнир во сезоната.
Ваквиот развој на настаните ќе го чини Новак Ѓоковиќ првото место на АТЛ листата, Србинот ќе го препушти тронот на Јаник Синер.