сабота, 19 октомври 2024

Ѓоковиќ ќе биде подготвен за Олимписките игри, опоравувањето нема да трае долго

Новак Ѓоковиќ поради повреда порано го заврши настапот на Ролан Гарос, вчера му беше извршена операција на коленото, но информациите велат дека работата не е толку сериозна.

Објавено на

часот

Сподели

По артроскопијата е видено дека повредата на менискусот не е толку сериозна и нема да треба долго опоравување. Се проценува дека Новак ќе се врати за три недели.

Вимблдон започнува на 1 јули, а Олимпијадата на 27 јули. Ѓоковиќ сигурно ќе биде дел од Олимписките игри во Париз, а со неговиот тим треба дополнително да одлучи дали ќе настапи и на Вимблдон.

Принудната елиминација од Ролан Гарос го чинеше Ѓоковиќ губење на првото место на АТП листата, од понеделник на врвот ќе биде Јаник Синер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ