петок, 18 октомври 2024
Конечно стигна до единственото одличје кое што му недостигаше

Ѓоковиќ испиша нова историја, маестрална победа над Алкараз за олимписко злато!

Новак Ѓоковиќ стана само третиот тенисер кој освоил трофеј на сите Грен слем турнири и стигнал до олимписко злато, Србинот попладнево со маестрална партија го победи Карлос Алкараз со 7-6 и 7-6 во финалето во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ конечно освои златен медел на Олимписките игри, единственото одличје кое што му недостигаше во богатата кариера.

По голема битка, Србинот попладнево го победи Карлос Алкараз со 7-6 и 7-6 во финалето во Париз.

Двајцата тенисери беа успешни на своите сервиси, па двата сета беа решени во тај-брејк.

А таму Новак Ѓоковиќ демонстрираше зошто важи за најдобриот тенисер на денешницата и еден од најдобрите во историјата, и со маестрална партија го скрши својот помлад противник, кој немаше одговор.

Со оваа победа, Новак Ѓоковиќ испиша историја и стана само третиот тенисер кој освоил трофеј на сите Грен слем турнири и стигнал до олимписко злато.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ