Поради лошите резултати на конкурентите, тој дури и привремено го поправи својот пласман и од седмата позиција на која се наоѓаше пред почетокот на Индијан Велс, се качи на петтото место, на листата во живо.
И играчите зад него не се прославија, Руд испадна во второто коло и загуби 190 бода, Рубљев исто така, а синоќа својот пат го заврши и Циципас.
Во моментов, можат да го поминат само Алекс де Минор или Данил Медведев, но само еден од нив и тоа ако триумфира во Калифорнија.
Со оглед на тоа што лани не играше во Мајами, Ѓоковиќ нема да загуби бодови на овој турнир и може само да добие и, евентуално, да го подобри својот пласман што би било позитивно за него пред следните Мастерси.