сабота, 4 јануари 2025

Ѓоковиќ и Кирјос по голема драма испаднаа од турнирот во двојки во Бризбејн

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос во осминафиналето го завршија настапот во двојки на турнирот во Бризбејн откако со 2-1 во сетови беа поразени од Хрватот Никола Мектиќ и Австралиецот Мајкл Венус.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ и Кирјос лошо го отворија мечот и го загубија првиот сет со 6-2, но се кренаа во вториот, го освоија со 6-3 и израмнија на 1-1.

Во третиот решавачки сет кој се игра на поени до десет, имаа предност од 8-6, но загубија четири поени по ред и дозволија противниците да го освоијат со 10-8 и да го добијат мечот со 2-1 во сетови.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ