петок, 18 октомври 2024

Ѓоковиќ го искритикува организаторот на ОИ: Непримерно е тоа што му го направија на Ебден

Новак Ѓоковиќ синоќа со 6-0 и 6-1 го победи Метју Ебден во првото коло од тенискиот турнир на Олимписките игри.

Објавено на

часот

Сподели

Ебден е тенисер во двојки кој доби шанса да игра и во сингл поради бројните откажувања поради повреди. Тој нема ниту ранкинг во сингл конкуренција.

„Жал ми е поради Ебден, тој не игра во сингл. Не ги разбирам тие правила, кога некој ќе откаже, тие викаат играч од двојки за да пополни сингл, а колку играчи сонуваат за настап на игрите. Тоа е непримерно за турнирот и за гледачите бидејќи тоа не е нивото во контекст на конкуренција“, рече Ѓоковиќ.

Денеска Рафаел Надал игра против Фучович и доколку го победи ќе се сретне со Ѓоковиќ во второто коло.

„Долго време немаме играно меѓусебно, неколку години. Мислам дека последниот пат беше тука, на Ролан Гарос во 2022 година. Имавме епски, спектакуларни мечеви на овој терен. Тој долго време не игра врвен тенис, но не играм ниту јас“, заврши Ѓоковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ