Ѓоковиќ ќе биде во аут најмалку три недели и речиси со сигурност ќе го пропушти Вимблдон.
Целта на Ѓоковиќ е да се опорави на време за Олимписките игри во Париз кои почнуваат од 26. јули.
Доколку опоравувањето оди според планираното, Новак би требало да биде подготвен за Олимпијадата, но засега останува неизвесно дали ќе биде целосно фит дотогаш.