За прв пат по 2007, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Ролан Гарос без да освои титула во актуелната сезона.
Србинот се обиде на Женева Опен да се загрее со трофеј за вториот Гренд слем во годината, но попладнево беше изненаден од Томаш Махач во полуфиналето.
Популарниот Ноле, во првиот сет имаше предност од 1-4, но наместо да го реши рутински во своја корист, му дозволи на противникот да освои пет гема во серија и да го добие сетот со 6-4.
Рекетот број 1 потоа побара лекарска помош, и откако доби некакво апче, се врати на теренот и го збриша Томаш Махач со 0-6 во вториот сет.
Сепак, Новак Ѓоковиќ повторно се мачеше во третиот сет, доживеа голем пад во играта, па Чехот го доби сетот со 6-1 и се пласираше во финале.