„На граничниот премин Богородица, при контрола на патничко возило „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н. М. од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300 илјади денари“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против гевгеличанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.