сабота, 28 декември 2024

Германскиот претседател го распушти парламентот, најави кога се изборите

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска одлучи да го распушти Бундестагот и го одреди 23 февруари како ден за одржување предвремени парламентарни избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во тешки времиња како овие во кои се наоѓаме моментално, за стабилноста е потребна ефикасна и стабилна влада со сигурно мнозинство во парламентот… Затоа сум убеден дека за доброто на нашиот народ, новите избори се вистинскиот пат“, рече германскиот претседател објаснувајќи ја својата одлука.

Тој нагласи дека распуштањето на парламентот пред крајот на редовниот изборен период е „реткост во Германија“, но оти, со оглед на тоа што канцеларот Олаф Шолц ја загуби довербата на Бундестагот, нема друг избор.

„За време на разговорите со претставниците на другите партии застапени во Бундестагот, се покажа дека не е можно да се формира мнозинство“, рече Штајнмаер. Тој нагласи дека немањето мнозинство во Бундестагот не значи дека парламентот е блокиран. „Нашата демократија функционира и во преодниот период“, рече германскиот претседател.

Тој ги повика претставниците на политичките партии на предизборна кампања „полна со почит кон политичките противници“. На 16 декември, на германскиот канцелар Олаф Шолц му беше ускратена довербата на Бундестагот во гласањето што тој самиот го иницираше.

На почетокот на ноември, со разрешување на министерот за финансии од редовите на Либерално-демократската партија поради конфликтот околу буџетот, иницираше распад на коалициската влада и одржување на предвремени избори.

Работата на социјалдемократско-либерално-зелената влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц е придружена со внатрешни конфликти од самото формирање пред три години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ