Тој оцени дека е рано за каква било дискусија за присуство на западни трупи.
„Ако дојде до прекин на огнот, тогаш западната заедница, партнерите од НАТО, можеби Обединетите нации и Европската Унија, ќе мора да разговараат за тоа како може таквиот мир, таквиот прекин на огнот да се обезбеди“, кажа тој на конференција за новинарите во Берлин.
Додаде дека Германија, како најголема економија во ЕУ, би имала улога, не објаснувајќи што значи тоа. Напомена дека би требало да се дефинира мандатот на странските мировни сили.
„Мора да биде јасно дека двете нации кои преговараат за прекин на огнот – Украина и Русија, мора да се договорат за мандатот кој би го прифатиле и за тоа кој би бил вклучен“, кажа Писториус.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува да има директна линија со Белата куќа по стапувањето на функција на Доналд Трамп.
Кремљ, од друга страна, истакна дека Киев не е спремен за преговори и дека Зеленски самиот со закон си забрани преговори, потсетувајќи на декретот од 2022 година со кој е забранет каков било разговор сè додека претседател на Русија е Владимир Путин.