среда, 19 февруари 2025

Германскиот канцелар му одговори на Џеј Ди Венс

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска решително го бранеше својот став против екстремната десница и рече дека неговата земја нема да прифати луѓе кои „се обидуваат да интервенираат во нашата демократија“, еден ден откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ги критикуваше европските лидери за нивниот пристап кон демократијата, пренесува Асошиејтед прес (АП).

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Германскиот лидер говореше осум дена пред клучните избори во Германија, анкетите покажуваат дека екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) моментално е на второто место.

Венс на конференцијата за безбедност во Минхен во петокот изјави дека е загрижен поради тоа што слободата на говор е „сè повеќе ограничена“ низ Европа.

„Германија е многу силна демократија и како таква ни е сосема јасно дека екстремната десница мора да биде надвор од политичката контрола и надвор од процесот на донесување политички одлуки и дека нема да има соработка со нив. Навистина отфрламе каква било идеја за соработка меѓу партиите и овие екстремно десничарски партии“, изјави Шолц.

Еден ден претходно, Венс рече дека многу Американци во Европа гледаат „вкоренети интереси кои се кријат зад грдите советски термини како дезинформации и дезинформирање, и на кои едноставно не им се допаѓа идејата дека некој со алтернативна гледна точка може да изрази поинакво мислење или, не дај Боже, да гласа поинаку, или уште полошо – да победи на изборите“.

Шолц возврати, велејќи: „Слободата на говор во Европа значи дека не ги напаѓате другите на начини што се против законите што ги имаме во нашата земја“. Тој алудираше на германските закони кои го ограничуваат говорот на омраза, пренесува Асошиејтед прес.

Коментарите дојдоа додека европските лидери се соочуваат со построгиот став на Вашингтон за прашања како што се демократијата и иднината на Украина, додека администрацијата на Доналд Трамп ги преиспитува трансатлантските односи воспоставени по Втората светска војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ