сабота, 23 ноември 2024

Германија официјално ги затвори последните три нуклеарни централи

Објавено на

часот

Сподели

Нуклеарните централи Исар два на југоисток, Некарвестхајм на југозапад и Емсланд на северозапад беа исклучени од електричната мрежа пред полноќ, како што беше предвидено.

Енергетската компанија РВЕ го опиша затворањето на овие централи како „крај на една ера“.

Планираното излегување од нуклеарната енергија беше зацртано на почетокот на 2000-тите години и забрзано во 2011 година по нуклеарната катастрофа во Фукушима.

Притисокот на јавноста во Германија по катастрофата во Фукушима ја наведе владата да ја прекине работата на нуклеарните централи, за кои активистите за заштита на животната средина тврдат дека се небезбедни и неодржливи.

Оние кои се за нуклеарната енергија велат дека прво треба да се затворат централите што горат фосилни горива, бидејќи нивните емисии на стакленичките гасови се поголеми.

Затворањето на нуклеарните централи првично беше планирано за 31 декември 2022 година, но зголемувањето на цените на енергенсите поради војната во Украина го одложи спроведувањето на таа одлука.

Германската влада сепак призна дека на краток рок повеќе ќе се потпира на согорувањето на фосилните горива за да ги задоволи своите енергетски потреби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ