среда, 23 октомври 2024

Германија: Конфликтот меѓу Европа и Русија би можел да трае со децении

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус вчера ги предупреди европските земји и НАТО дека мора да се подготват за повеќедецениски конфликт со Русија, во говорот на конференцијата за безбедност во Минхен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Напорите Русија да се вклучи во пошироката европска безбедносна архитектура по Студената војна пропаднаа, рече Писториус во Минхен.

„Сите овие обиди беа во спротивност со стратегијата на Кремљ повторно да воспостави доминација во Источна и Централна Европа.“

Западните сојузници цврсто ќе застанат покрај Украина „без разлика колку долго Владимир Путин ја продолжува оваа незаконска и бесмислена војна против една суверена нација“, додаде тој.

Писториус нагласи дека ќе има линии на поделба во Европа во наредните децении. „Слободната и демократска Европа од една страна, авторитарната и военохушкачка Русија од друга страна.“

Клучот на конфликтот беше повторното воспоставување на воената моќ на НАТО во Европа за да ѝ се спротивстави на руската закана, рече тој. „Ефективното одвраќање е нашето животно осигурување“, тврди тој.

Тој тврди дека постојат три димензии за воспоставување ефективно одвраќање. „Алијансата мора да инвестира повеќе пари во одбраната, да го обнови индустрискиот капацитет за производство на муниција и да подготви воени сили за распоредување и за борба кога е потребно“, објасни Писториус.

Писториус рече и дека е потребна поблиска соработка со земјите од јужната хемисфера и поголема почит кон тие земји за да му се спротивстават на руското глобално влијание. Ова вклучува договори за извоз на оружје, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ