сабота, 19 октомври 2024

Германија би можела да извезе рекордно количество оружје, повеќе од третина оди во Украина

Германија е на добар пат да ја заврши годината со рекорден извоз на оружје, главно благодарејќи на испораките на Украина, покажуваат податоците на министерството за стопанство.

Објавено на

часот

Сподели

Во првите девет месеци од оваа година владата веќе одобрила извоз во вредност од 8,76 милијарди евра, повеќе отколку во цела 2022 кога достигнал 8,36 милијарди евра.

Во периодот по Втората светска војна поголем износ е забележан само во 2021 година, од 9,35 милијарди евра.

Според податоците кои министерството ги објави во понеделникот, повеќе од третина од одобрениот извоз во првите три годинешни квартали отпаѓаат на Украина, вкупно 3,3 милијарди евра. Тоа значи дека се зголемил за повеќе од четири пати во однос на истиот период минатата година.

Одобрен е и извоз во вредност од 4,33 милијарди евра во земјите од Европската Унија и НАТО и други земји, како Јапонија, Швајцарија, Австралија и Нов Зеланд. Најголемиот дел од тој износ, околу 1,03 милијарди евра, отпаѓа на Унгарија.

Кога ќе се исклучи Украина, одобрениот извоз во „трети“ земји ја надминал уште на крајот на септември минатогодишната вредност, достигнувајќи 1,16 милијарди евра. Во 2022 изнесувал 992 милиони евра.

Главното одредиште на германското оружје во таа група земји била Јужна Кореја, со вредност на одобрените испораки од 251 милион евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ