недела, 22 декември 2024

Германците ја губат довербата во државата

Објавено на

часот

Сподели

Покрај тоа, сега 69 отсто од анкетираните, наспроти 66 отсто една година претходно, сметаат дека јавната управа е преоптеретена, според резултатите на истражувањето на институтот Форса.

Угледот на државата е особено лош во источна Германија. Таму 77 отсто од учесниците на истражувањето сугерирале дека државата поради преоптеретеност не функционира како што треба. На западот на Германија тоа го кажале 68 отсто.

Незадоволството е особено големо меѓу поддржувачите на десничарската Алтернатива за Германија (АфД) – само шест отсто од нив кажале дека државата е во состојба да ги исполнува своите должности.

Гласачите на Демохристијанската унија (ЦДУ/ЦСУ), водечкиот опозициски блок, со 22 отсто се нешто пооптимистични.

Меѓу поддржувачите на владејачката коалиција, гласачите на Зелените мнозински имаат доверба во државната управа (52 отсто). Кај следбениците на социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц тој удел е 46 отсто, додека државната управа како добра ја оцениле 34 отсто од гласачите на либералите.

Анкетата покажала значителни промени во однос на 2022. Додека минатата година, набрзо по почетокот на војната во Украина, снабдувањето со енергенси со 17 отсто било најкритично, сега тоа со 26 отсто е политиката на азил и бегалците.

Дека владата има проблем со снабдувањето со енергенси сега мислат само седум отсто од граѓаните. Дека Германија не може да се избори со школската и образовната политика, како ни со заштитата на климата и животната средина мислат 19, односно 17 отсто од анкетираните.

Германците, како и во претходните години, најмногу доверба имаат во пожарникарите, потоа во медицинските сестри, па во лекарите и негувателите.

Како и една година претходно, повеќето анкетирани како најважна задача на државата го навела одржувањето на социјалната правда во општеството.

Се покажало дека значително опаднал ентузијазмот на граѓаните за климатските цели. Сега седум отсто помалку луѓе како многу важна задача ги навеле инвестициите во заштитата на климата со ширење на обновливите извори на енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ