петок, 18 октомври 2024

Герет Саутгејт веќе не е селектор на Англија

По 102 натпревари на клупата на Англија распоредени во речиси осум години, Герет Саутгејт објави дека заминува од селекторската функција.

Објавено на

часот

Сподели

Саутгејт ја однесе Англија во две последователни финалиња на Европските првенства, но особено во изминатите недели добиваше критики од јавноста која сакаше селекторска промена.

Саутгејт денеска и официјално соопшти дека заминува од позицијата селектор на Англија.

„Како горд Англичанец, ми беше животна чест да играм за Англија и да ја водам како селектор. Тоа ми значеше се и јас давав се од себе. Но време е за промена, за ново поглавје. Неделниот меч во Берлин против Шпанија беше мојот последен како англиски селектор“, изјави Саутгејт меѓудругото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ