петок, 18 октомври 2024

Генералот кој исчезна по бунтот на Вагнер „во моментов одмара“, тврди Путинов човек

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Комитетот за одбрана на руската Дума изјави дека генералот Сергеј Суровикин, заменик командант на руските воени операции, „во моментов не е достапен“. Во видеото објавено на социјалните мрежи, Андреј Картаполов рече: „Суровикин моментално одмара. Засега не е достапен“.

Суровикин последен пат беше виден во јавноста кога објави видеоповик за запирање на бунтот на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, и оттогаш шпекулациите за него станаа се поинтензивни. Британското Министерство за одбрана соопшти дека локацијата на генералот останува непозната, што укажува дека тој бил „турнат настрана“ по бунтот.

Суровикин беше во добри односи со Вагнер и Пригожин, кои го фалеа генералот додека редовно ја критикуваа воената елита на Кремљ – министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

Во извештајот на „Њујорк тајмс“ заснован на брифинг на американското разузнавање минатиот месец се вели дека Суровикин однапред знаел за бунтот и дека руските власти испитуваат дали тој бил учесник. Некои руски и меѓународни медиуми минатиот месец објавија дека командантот е уапсен, но засега нема официјална потврда за тоа. Кремљ одби да одговори на прашањата за него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ