Хрватскиот генерал Анте Готовина, од затворот во Хаг, во кој издржува казна за злосторства во српско-хрватската војна, денеска ѝ испрати порака на хрватската јавност, известува порталот dnevnik.hr. Во пораката тој ги повикува Хрватите да гласаат според својата совест.
„На овој начин сакам да кажам дека утре во Хаг јас ќе гласам за влегување на Хрватска во Европската Унија – каде што Хрватска цивилизациски и историски припаѓа, а со референдумот тоа само формално се потврдува. Местото на Хрватска е во Европската Унија.“