вторник, 24 декември 2024

Генералното собрание на ОН ја усвои руската резолуција за борба против величењето на нацизмот

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои руската резолуција за борба против величењето на нацизмот, јавуваат агенциите.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно тој документ го одобри Третиот одбор на Генералното собрание.

За резолуцијата гласале 118 земји, 49 биле против, а 14 воздржани. Русија, Кина и Израел се меѓу тие кои гласале за документот. Против биле Соединетите Американски Држави, Украина, Британија и Германија.

Во документот се препорачува земјите да преземат конкретни мерки, „вклучувајќи законодавство и образование, во согласност со своите меѓународни обврски во врска со човековите права, за да спречат ревизија на историјата и исходот на Втората светска војна и негирањето на злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени за време на Втората светска војна“.

Авторите на документот најостро ги осудуваат инцидентите поврзани со величење и пропаганда на нацизмот, особено испишувањето графити и цртежи со пронацистичка содржина, вклучувајќи на спомениците на Втората светска војна.

Во документот се апелира до државите да ги елиминираат сите облици на расна дискриминација со сите соодветни средства, вклучувајќи, ако тоа го дозволуваат условите, законодавство.

Покрај тоа, резолуцијата најостро ја осудува употребата на образовен материјал, како и реториката во наставата, која промовира расизам, дискриминација, омраза и насилство врз основа на етничката припадност, националноста, верата или уверувањата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ