петок, 18 октомври 2024

Генералка викенд – 252 тони отпад собрани во 51 општина

Објавено на

часот

Сподели

Главните иницијатори и организатори на оваа акција се Гордана Софија и Ханес Јекл од организацијата „Мен енд Маунтен“, кои изразија благодарност до секој учесник.

„Пред три години тргнавме со идејата како би било ако секој излезе и ја исчисти својата земја за да ја направи подобро место за сите сега и за идните генерации. Оттогаш, секоја година, сè повеќе луѓе, компании и институции почнаа да веруваат во истата идеја. Но, на крајот, останува само идеја и само заедно можеме да ја оствариме“, рекоа тие.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство повторно ја поддржува акцијата така што за секои 10 килограми собран отпад ќе обезбеди една садница, па наесен ќе бидат засадени вкупно 25.000 нови дрвја.

За собраниот отпад се погрижија локалните комунални претпријатија, „Нула отпад“ и „Пакомак“, кои, заедно со „Пивара Скопје“, и оваа година застанаа зад акцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ