недела, 22 декември 2024

Гастрономско уживање и дегустација на колекцијата екслузивни вина на „Алхемист“

Eксклузивни вина од реноминирани француски и италијански винарии повеќе од една година се достапни за љубителите на вино на македонскиот пазар преку колекцијата вина на компанијата Алхемист. Оваа винска колекција содржи внимателно избрани етикети на уникатни производители на вина како што се: Valdo, Peyrassol, Dezzani, La Scolca, Rocca, Louis Latour, Tenuta Casenuove.

Објавено на

часот

Сподели

Дел од винската колекција е италијанската винска линија Valdo, меѓу кои и новото пенливо вино Valdo Aquarius, кое со своите свежи ноти на гарганега и глера грозје, нуди совршен баланс на свежина и комплексност. Од колекцијата италијански пенливи вина може да одберете помеѓу белото пенливо вино Valdobbiadene и таканаречениот розов рај Valdo Paradise кој со својот специфичен вкус и дизајн ја доловува уникатноста на италијанската винарија Валдо.

Колекцијата на Алхемист ги содржи и висококвалитетните вина на италијанската винарија Chateau Peyrassol, лоцирана во Прованса – еден од најубавите предели за производство на pозе вино во светот. Со својот уникатен свеж вкус  висококвалитетните вина Peyrassol и Peyrassol La Croix од оваа винарија нудат комплетно уживање.

Добрите познавачи на квалитетно вино можат да уживаат и во префинетиот вкус на La Scolca – Gavi dei Gavi и La Scolca Gold на италијанската винарија La Scolca.

Со цел дегустацијата и уживањето на вината да биде комплетно, од Алхемист најавуваат голем број промоции во градските локали каде покрај можноста да ги пробате нивните екслузивни вина, ќе можете истите да ги комбинирате со вкусот на уникатни суши специјалитети. Бидете дел од ваките промоции и доживејте гастрономско уживање на сите сетила.

Вината од оваа уникатна колекција може да ги најдете во повеќе познати угостителски објекти како: италјанскиот ресторан ,,Салваторе”, ресторан „Два Елена“, „Ботаника“, „Oeno Bar“,  ресторан „Дукат“, „Јавор“ Мрзенци, „Воденица“, „Intermezzo Music Bar“, „SushiCo“, „SushiCo ZEN”, ресторан „Маракана” „Радио бар“, ресторан „Кај Жабар”, ресторан „Маџо 2.0” и „Мартини”.

Во малопродажба во „WineBerry Bistro and Shop“, „Liquor store Biblioteka“, Wine.mk store, Finewine или да нарачате преку Instagram профилот на компанијата Alchemist mk.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ