сабота, 27 јули 2024
Спикерот дообјаснува

Гаши: Северна Македонија е мојата татковина, а Косово е на моите родители

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши по вчерашниот повик од мандатарот Христијан Мицкоски да се извини за изјавата „Косово е моја татковина“, утрово преку соопштение објавено и со фејсбук-статус објаснува: „Северна Македонија е мојата татковина, а Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“.

Објавено на

часот

Сподели

Гаши вели дека некои медиуми ја искривиле негвата изјава и дека можеби станува збор за привлекување внимание.

„Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија.

Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека ‘Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив’.

Сепак, верувам дека се разбираме доволно добро за да не бараме детални објаснувања за поимите како родно место, татковина или мајковина, бидејќи албанскиот јазик користи и сложена именка што комбинира мајка и земја. За мене најважно е преку нашите постапки да покажеме како ја гледаме нашата земја, која е нашата посветеност кон неа, кои се нашите придонеси и да правиме разлика меѓу оние кои ја градат и збогатуваат и оние кои ја уништуваат и крадат.

Од тврдењата и изјавите за патриотизам граѓаните немаат никаква корист, а ние не сме тука да се натпреваруваме кој е попатриот. Јас не уживам во такви дебати и ова е мојата конечна изјава за оваа тема“, вели Гаши.

Инаку, како што вчера објави МКД.мк лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по добиваљето на мандатот за состав на новата влада доби новинарско прашање да каже како ја коментира изјавата на Гаши во интервју за Радио телевизија Косово дека „Косово е мојата татковина“.

Мицкоски најпрво рече дека не слушнал и не прочитал таква изјава, но додаде дека во разговор со него Гаши има кажано дека Македонија е неговата татковина. Потоа Мицкоски рече дека доколку сепак Гаши дал таква изјава дека треба да им се извини на граѓаните од сите етнички заедници бидејќи од нив е избран и од нив ја добива платата.

Во иинтервјуто за РТК Гаши кажал дека неговите родители се од Косово кои во шеесетите години од минатиот век поради работа се преселиле во Скопје, каде тој е роден. Според Гаши, луѓето родени по деведесеттите години не можат да ги разберат ваквите посебни чувства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ