сабота, 27 јули 2024

Ако Гаши кажал дека неговата татковина е Косово, треба да се извини, изјави Мицкоски

Не сум слушнал дека претседателот на Собранието, Африм Гаши изјавил дека негова татковина е Косово, но ако е така треба да им се извини на граѓаните, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на владата, Христијан Мицкоски во Вила Водно каде претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова му го врачи мандатот.

Објавено на

часот

Сподели

Новинарите прашаа како ја коментира изјавата на Гаши дека негова татковина е Косово, а Мицкоски одговори дека не слушнал и не прочитал таква изјава.

Откако му беше кажано дека тоа го изјавил за Радио телевизија Косово, Мицкоски одговори дека во разговорите со него Гаши лично кажал дека тоа е Македонија.

„Но ако тоа го изјавил тој треба час поскоро да се извини затоа што тој живее овде и овде зема плата од граѓаните, од Македонци, Албанци, Турци, Срби и од сите“, рече Мицкоски.

Инаку, Гаши изјавил дека е роден во Скопје. Поради работа неговите родители во шеесетите години од минатиот век се преселиле од Косово во Скопје и тој поради тоа го чувствува Косово како татковина.

Според Гаши, луѓето родени по деведесеттите години не можат да го разберат тоа, но се работи за лично чувство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ