петок, 18 октомври 2024

Гаши се сретна со Ердоган

Претседателот на Собранието Африм Гаши, во придружба на пратениците Бејџан Иљас, претседател на ратеничката група за соработка со Парламентот на Република Туркије, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали, од денеска до 5 октомври претстојува во официјалната посета на Република Туркије, на покана од Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Туркије.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на посетата, Гаши, оствари средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган, на која биле разменети мислења за унапредување на одличната соработка, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко.

Гаши и пратениците остварија средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Туркије и членови на Советот. На средбата, високата собраниска делегација беше информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Стана збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу Македонија и Туркије на полето на високото образование, истакнува собраниската прес-служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ