Коалицијата Вреди има знаење и мудрост како и храброст да донесе промени и тие не се од никого диригирани, туку се глас и волја на сите Албанци, рече Гаши.
„Ние ја поминавме таа фаза кога главна беше Партијата за демократски просперитет – ПДП, потоа и Демократската партија на Албанците – ДПА. За жал, со текот на времето ДУИ и ПДА имаа договор да се борат против секој трет субјект што ќе се појавеше на сцената. Покрај немањето потребна зрелост, друг важен фактор е желбата или намерата или напорот на Али Ахмети да не се занимава со решавање на проблемите на Албанците, туку повеќе се занимаваше со поделба на противниците“, изјави Гаши, додавајќи дека практично, преку максимата „раздели па владеј“ ДУИ останала на власт.