Полицајците одговориле на пријави за провала во блок во населбата Рајд на северот на Сиднеј и затекнале четворица мажи како седат во „тојота јарис“ во подземен паркинг во црна облека и маски на лицата.
Полицијата наведува дека во автомобилот нашла прачка од 60 сантиметри, ракавици, сечач за месо, нож, скалпел, светлечки прачки и зип-стеги – работи за кои велат дека се во согласност со обидот за гранбување.
Откако кого идентификувале 24-годишниот маж за кого тврдат дека четворицата мажи планирале да го ограбат и грабнат, полицијата извршила претрес на неговиот стан и нашла 772 килограми кокаин.
Мажот е исто така уапсен и ќе биде обвинет за набавка на забранета дрога во „големо комерцијално количество“ и за свесно бавење криминал за стекнување имотна корист.
Четворицата мажи, на возраст од 24, 23, 20 и 19 години, се уапсени и ќе бидат обвинети за тешко провалување и влегување со намера за кражба, маскирани и вооружени со намера да извршат кривично дело, поседување прибор за провалување и учество во криминална група.
„Само оваа година нашите детективи уапсија 48 лица за наводни прекршоци за грабнување, а преку разни други операции и специјалните сили спречија низа други насилни дела како пукање на јавно место и убиства“, кажа Џозеф Дуејхи, надредениот детектив во овој случај.