среда, 4 декември 2024

Гардијан: Бајден го злоупотреби уставот

Лицемерието е вџашувачко. Да, секој татко можеби би го направил истото за својот син, да, момчето се поправи, простено му е, почнува да се опоравува. Само злобните луѓе сакаат да го затворат. Живеј и пушти ги другите да живеат. Сепак, постои нешто монументално во помилувањето кое му го даде претседателот во заминување на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден. Пред шест месеци тој освои политички поени негирајќи дека ќе го помилува синот Хантер Бајден. Сега, по завршувањето на изборите, тој сепак го направи тоа, пишува Сајмон Џенкинс за Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Едноставниот одговор е – што е тука ново? Претседателот Џералд Форд го помилува својот претходник Ричард Никсон, Бил Клинтон го помилува полубратот и други лица чии семејства донирале пари на демократите, Доналд Трамп го помилува својот зет и бројни сомнителни соработници. Никој не се сомнева дека Трамп, како претседател, ќе помилува низа скандалозни фигури, можеби и учесниците на немирите на Капитол хил во 2021 година. Чекаме да видиме дали ќе се обиде да се помилува и самиот себе во разните постапки кои се во тек (иако овие овластувања не може да се прошират на случаи отворени на државно ниво).

Бајден може да изнесе одреден аргумент во корист на правдата, имајќи предвид дека неговите политички противници безмилосно го гонеа Хантер Бајден за релативно помали осуди – затајување данок и лажење за употреба на дрога при купување оружје. Меѓутоа, слична доза политика постоеше и во подеднакво безмилосното гонење на деловните малверзации на Трамп од страна на демократските власти во Њујорк. Њујорк тајмс стана таблоид со задоволното врискање „Крив е“ на насловната страница.

Циниците, или како што тие самите се нарекуваат, реалистите, ќе ве уверуваат дека сето ова наскоро ќе биде заборавено, како и во минатото. На поширокиот план на американските злосторства и казни, чии некои аспекти и понатаму се граничат со анархија, ова се ситни грешки. Позначајни прашања се наѕираат зад новото претседателство на Трамп.

Меѓутоа, правдата е универзална слобода, која САД наводно ја бранат низ целиот свет. ако извршната власт на една нација го присвојува правото, дури и уставното, за да ја поништи правдата, мора да биде погрешно. Американскиот устав е изграден на експлицитни права и слободи, заштитени со поделбата на власта. Наводната цел на членот два, секција два била да го зајакне претседателот во водењето на војската и државните милиции. Не бил замислен да оправдува криминал. Ова право е грубо злоупотребено. За време на изборите демократите се претставуваа како чувари на моралот, при што Бајден ја фалеше Камала Харис како лице со „морален компас на светец“. Со кршењето на своето ветување Бајден тоа го наруши.

Уставот на САД е вистинско чудо. Ја држел унијата заедно, понекогаш едвај, веќе два и пол века, додека глобални нации и империи минувале низ превирања и се распаѓале. Неговиот опстанок е вкоренет во два основни принципи. Првиот е почитување на правото на често многу различните држави да ги уредуваат своите локални закони, како тие за абортусот и контролата на оружјето. Вториот е врамнотежена поделба на федералните власти меѓу судството, извршната власт и законодавството. Оваа поделба, во денешното длабоко поларизирано американско општество, очигледно бара јакнење.

Но како? Последната задача на уставот беше сопствената реформа да ја направи речиси невозможна. Понекогаш, само понекогаш, такви реформи се остварени. Претседателските помилувања се чинат како област на која ѝ е потребна промена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ