„Во актуелната 2023 година од актуелната Влада таа фирма има добиено тендер во вредност од 6.5 милиони евра. Од Министерство за Образование и Наука истата компанија има добиено тендер во вредност од скоро 2 милиона евра, додека од Министерство за животна средина над 1 милион евра, од Агенцијата за храна и ветеринарство над 8 милиони евра, од Министерството за труд и социјална политика 2 милиони евра, севкупно околу 20 милиони евра“, нагласува Ганиу.
Ги повикуваме сите релевантни институции да го истражат овој случај, вели градоначалникот понатаму, и ќе се потврди дека и средствата во Општина Чаир се наменски доделени од Владата, која, како што може да се заклучи, редовно склучувала договори со гореспоменатата компанија.
„Инсистираме истражувањето од компететните институции да продолжи и во сите други институции раководени од ДУИ, особено во Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците со кое раководи Артан Груби како и во Државна лотарија со која што раководи десната рака на Груби“ наведува Ганиу.
Градоначалникот заклучува дека зад соопштението на ДУИ се крие паниката од извесниот пораз на парламентарните избори и одговорноста, вели, што ќе ја понесат сите лица вклучени во валкани бизниси и во коцкарски зделки.