среда, 23 октомври 2024

„Галичка пафта“ добија младенците на Галичката свадба од претседателката на Македонија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, денеска присуствуваше на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката изрази задоволство од континуитетот со кој доследно се промовираат вековните македонски традиции, култура и уметност. Галичката свадба како значен туристички настан придонесува за заживување на галичкиот крај и неговата популаризација привлекувајќи бројни домашни и странски посетители, вели Сиљановска Давкова.

Честитајќи им го склучувањето на бракот на годинашните младенци, Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, претседателката Сиљановска Давкова им подари „галичка пафта“ – со мотив од галичка носија, со желби за љубов, среќа и бериќет во нивниот иден заеднички живот.

„Многу сум среќна што младите го препознаваат значењето на она што е исконско и што е дел од нас и продолжуваат да ја негуваат таа традиција“, истакна претседателката Сиљановска Давкова посакувајќи вечно да опстои овој убав обичај.

„Галичка свадба“ официјално почна вчера со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање“ пушкa од куќата на зетот. Денеска беа одбележани традиционалните свадбени обичаи, а младенците се венчаа во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ