Македонската ракометна репрезентација веќе трет ден ги одработува подготовките за престојното Светско првенство.
„Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нѐ очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за да секој го даде својот максимум. Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека спремни ќе го дочекаме стартот на Светското првенство”, вели Галевски.
Светското првенство почнува на 14 јануари, Македонија игра во Вараждин во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.