сабота, 27 јули 2024

ГАЛЕРИЈА

ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и Ѓорче Петров: Ахмети ќе заврши како криминалец

Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на политиката во Македонија. Предолго живееме во мочуриштето на лаги, на измами и на време кога просечните владеат, неспособните се на позиции, а паметните тргнати на страна. Ние го покренуваме бранот на сите оние кои предолго беа игнорирани, кои премалку беа вклучени во процесите. Заеднички ја создаваме надежта која мора да ја победи апатијата. Иднината која мораме сами да ја создадеме но и одговорноста која мора да ја примениме, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на партиските митинзи во Куманово и во скопската општина Ѓорче Петров. Мицкоски посочи дека ќе има одговорност за криминалот и корупцијата. „Системот на ДУИ длабоко ја однесе државата во криминал и корупција. Тие не дејствуваат како партија, туку како мафијашка структура додека и нивниот народ гладува. После 20 години Ахмети не унапреди никакви права, но неговото чедо Артан стана синоним за сите фаличности и недостатоци на системот, за сите криминали и копрупции. Али Ахмети ќе ја заврши кариерата како криминалец“, рече Мицкоски.
Фото:
Фото: Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

На Галичка свадба се зедоа Стефана и Даријан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

НАЈНОВИ ВЕСТИ