ГАЛЕРИЈА
Дегустација на вина на „Винодонија“
Вчера и денеска во хотел Мериот во Скопје се одржува винскиот салон „Винодонија 2024“. И оваа година овој фестивал претставува извонредна можност за сите љубители на виното да учествуваат во едукативни активности што ќе го збогатат нивното знаење и љубов кон виното. Програмата вклучува седум ексклузивни мастер класи и работилници, водени од реномирани домашни и светски експерти, кои на посетителите ќе им понудат уникатно винско доживување.
Фото:
Роберт Атанасовски