ГАЛЕРИЈА
Скопјани маршираа за чист воздух
„Воздух, здравје и ништо помалку“, „Не се дише“, „Кој десно, кој лево, сите се гушиме“, „Во Скопје живеат згради и коли, луѓето се гушат!“... беа дел од паролите на денешниот протестен марш против аерозагадувањето што се одржа во Скопје. На протестот организиран од граѓанската иницијатива Зелен хуман град, граѓаните маршираа од Министерството за животна средина, преку Собранието до Владата. Тие побараа итно решавање на проблемот со цел граѓаните да не станат еколошки мигранти од сопствената земја.
Фото:
Роберт Атанасовски