ГАЛЕРИЈА
Скопјани со часови изложени на опасен чад и миризби, без соодветни упатства за заштита (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Денешниот пожар во Трубарево предизвика сериозни еколошки и здравствени ризици за жителите на Скопје и околината. Густите облаци чад, кои беа видливи од речиси целото подрачје на градот, носеа со себе опасни токсични материи, особено од горењето пластика и електрични уреди. Иако пожарот беше пријавен веднаш по неговото појавување, скопјани со часови беа изложени на опасен чад и миризби, без соодветни предупредувања или упатства за заштита. Покрај тоа, иако пожарот беше локализиран, не е јасно кои мерки ќе бидат преземени за да се спречат слични инциденти во иднина, особено во контекст на претходните предупредувања за опасностите од складирање опасни материјали во населени места.
Фото:
Роберт Атанасовски, Ѓорѓи Личовски

































