ГАЛЕРИЈА
Скопјани побараа поголема контрола на работата на Титан Усје
Граѓани на Скопје денеска во центарот на градот протестираа и побараа примена на најдобрите европски стандарди во однос на работата на цементарницата Титан Усје и загадувањето на воздухот. Учеснците во протестот побараа од Усје да биде општествено одговорна компанија и да дозволи 24-часовно јавно и независно мерење директно од оџаците на цементарницата зашто во спротивно, порачаа тие, се зголемува сомнежот кај граѓаните.
Фото:
Роберт Атанасовски






























