ГАЛЕРИЈА
„Шест месеци без правда за Кочани“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
„Шест месеци без правда за Кочани“, беше главната порака што стотици скопјани ја испратија денеска од плоштадот, за трагедијата во дискотеката „Пулс,“ каде што 62 млади луѓе загинаа, а над 200 беа повредени. Со светлина од мобилните телефони направија „Ѕвездено небо“ за загинатите во пожарот. На маса поставена на плоштадот беа напишани пораки за поддршка на семејствата на оние што ги загубија животите во трагедијата. Учесниците стоеја во молк 16 минути, симболизирајќи го датумот 16 март кога се случи трагедијата. Настанот беше во организација на движењето „Кој е следен?“
Фото:
Роберт Атанасовски
























