петок, 16 мај 2025

ГАЛЕРИЈА

Протестна музика од Филхармонија пред Владата

Вработените во Македонска филхармонија денеска излегоа на нов протест, овојпат пред Владата, затоа што не слушнале конкретен став по одлуката новоформираниот Џез-оркестар просторно да биде сместен во објектот на оваа институција. Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски, на протестот изјави дека оваа одлука уште не е променета, и иако побарале прием кај премиерот, уште не добиле никаков одговор. Филхармонија пред Владата дојде со инструментите и нотите, поставија шатор во случај да заврне, одржаа концерт. Колку слушнаа во Владата останува непознато.
Фото:
Фото: Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Том Круз го воодушеви Кан со премиерата на „Невозможна мисија“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

НАЈНОВИ ВЕСТИ