ГАЛЕРИЈА
Пред локални избори комуналците излегоа на улица – и само тогаш (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Еден месец пред првиот круг од локалните избори комуналните служби на општините излегоа на улица. Се пополнуваат дупките по улиците, се реновираат клупите, се празнат кантите за ѓубре како никогаш досега, во Скопје се чисти кејот на Вардар, метларката врти и онаму каде што не поминала четири години... Секој градоначалник сега се обидува да му се допадне на гласачот и да го натера да гласа токму за него. Што правеше четири години за сега наеднаш сите да видиме дека можело, дека имало вработени, дека механизацијата каква-таква може да профункционира, дека ѓубрето можело да се исчисти пред да се преполнат кантите и контејнерите... Како ова да им се објасни на граѓаните? За овој наш менатлитет можеби решението е во редовни локални избори на секои 6 месеци!
Фото:
Роберт Атанасовски
























