ГАЛЕРИЈА
Ѓорѓиевски: Почна генералката на Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје, порачаа синоќа новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски и новите градоначалници на скопските општини откако почнаа да го чистат главниот град. Бројна механизација од скопските јавни претпријатија, од општествено одговорните компании и од другите општини од Македонија синоќа тргнаа да го чистат Скопје. Откако главниот гтрад беше преплавен со ѓубре поради блокади и негрижа, градоначалниците заедно со премиерот Христјан Мицкоски и Ѓорѓиевски, синоќа излегоа на терен за да го спроведат ветеното - генералка за првите 72 часа од мандатот. Ајде баш да видиме.





































