ГАЛЕРИЈА
Осветена црквата „Свети Константин и Елена“ во Скопје
Со свечена литургија и присуство на голем број верници денеска беше осветена новата црква „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Црквата се градеше 13 години. Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод големиот настан истакна дека со изградбата на овој семакедонски, сеправославен храм народот уште еднаш ја потврдил својата црквоградителска традиција.
Осветувањето почна во 8:30 часот со ѕвонење на камбаната и траеше околу три часа. Присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министри, лидери на политички партии, академици, професори, стопанственици, како и голем број монаси, монахињи и граѓани.
Фото:
Роберт Атанасовски






























