ГАЛЕРИЈА
Голема Богородица во Скопје
Православните верници денеска го прославија празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот.
Празник на мајката на животот Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана... Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име. Еве како ова празнување изгледаше денеска во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.
Фото:
Роберт Атанасовски