ГАЛЕРИЈА
Легендарниот црвен тепих на Кан (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Познати меѓународни ѕвезди од Холивуд и пошироко се упатија на југот на Франција на почетокот на 78-от Кански филмски фестивал во вторник вечерта.
На очекуваната церемонија на отворањето на францускиот фестивал се појавија добитничката на Оскар, актерката Жулиет Бинош, претседателка на овогодинешното жири, заедно со другите членови на жирито Карлос Рејгадас, Пајал Кападија, Лејла Слимани, Хали Бери, Џереми Стронг, Диедо Хамади, Алба Рорвахер и Хонг Санг-су.
Меѓу другите посетители во вторникот беа и икони од модниот свет како Хајди Клум и Бела Хадид, холивудски ѕвезди како Роберт де Ниро и Квентин Тарантино, големиот победник на 77-от годишен фестивал, Шон Бејкер, актерките Ева Лонгорија, Џулија Гарнер и многу други.
По церемонијата на црвениот килим се одржа премиерата на филмот „Замини еден ден“ (PARTIR UN JOUR), денеска ќе се одржи премиерата на филмот со Том Круз, „Мисија: Невозможна - Конечна пресметка“ на која ќе присуствуваат Том Круз, Хејли Атвел, Сајмон Пег и други членови на екипата на филмот, како и режисерот на филмот Кристофер Меквори.
Од Квентин Тарантино до Ева Лонгорија, Ирина Шајак, Бела Хадид - еве ги клучните појави на легендарниот црвен тепих на отворањето.
Фото:
Фото: Луна Китановска










