среда, 11 декември 2024

ГАЛЕРИЈА

Автопатот Кичево – Охрид пак со нов термин, свлечиштата го продолжуваат рокот

Свлечиштата и процедурите за нивно решевање на првата и втората делница кои се појавија на трасата на автопатот Кичево – Охрид ќе го продолжат рокот за завршување. Државата и наредниот период ќе продолжи да работи на трасата, со решавање на косините и свлечиштата, надминување на спорните точки и новонастанатите проблеми на проектот, изјавија денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. На првите две делници од автопатот до сега се појавиле 13 свлечишта од кои две се од понов датум. Министерот Бочварски смета дека се работи за специфични проектантски дејности за кои треба внимателно да се известува јавноста за постапките што ќе следуваат наредниот период. Министерот додаде дека со кинескиот изведувач „Синохидро“ се преговара за новите рокови за реализација, за што јавноста ќе биде дополнително информирана.
Фото:
Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Почна ски-сезоната во Маврово

НАЈНОВИ ВЕСТИ