вторник, 25 февруари 2025

Галатасарај ќе го тужи Мурињо откако тој им рече дека скокаат како мајмуни (ВИДЕО)

Галатасарај го обвини Жозе Мурињо за расизам откако Португалецот рече дека на клупата на овој клуб скокале како мајмуни на судиските одлуки.

Објавено на

часот

Сподели

Големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче заврши нерешено. Натпреварот го судеше Славко Винчиќ од Словенија, а по дуелот Мурињо изрази задоволство од неговата арбитража.

Мурињо рече и дека во Галатасарај не се навикнати да имаат фер судење, па скокале како мајмуни на секоја одлука на судијата.

„По мечот му се заблагодарив на Славко Винчиќ за одличното судење. Ако судеше турски судија ќе беше комплетна катастрофа. На клупата на Галатасарај скокаа како мајмуни на секоја исправна одлука“, рече Мурињо.

Ваквата изјава ги погоди луѓето од Галатасарај кој го обвинија Мурињо за расизам иако контекстот на изјава на Португалецот беше сосема поинаков.

„Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, постојано го навредува турскиот народ. Тоа го прави откако е дојден тука. Денес продолжи со нехуманите и неморални изјави. Сакаме да ве известиме дека ќе поднесеме кривична пријава против него, а ќе се обратиме и до ФИФА и УЕФА поради расистичките изјави на Жозе Мурињо“, се вели во соопштението на Галатасарај.

Генералниот секретар на Галатасарај, Ерај Јазган побара сите да го осудат Мурињо почнувајќи од неговиот клуб Фенербахче и неговите навивачи.

„Очекувам рекација на Фенербахче, навивачите на овој клуб, оние на Галата, Бешикташ, Коња, Трабзон … Сите треба да искажат протест и да направат се за оваа личност да ја добие својата казна. И новинарите треба да реагираат. Очекуваме реакција од сите кои се чувствуваат како Турци. Мене гласот ми трепери, лут сум“, рече Јазган.

Галатасарај важи за клуб кој е форсиран од судиите во Турција, неодамна Адана го напушти теренот поради скандалозна одлука. Затоа и меѓународен судијата го судеше овој меч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ