Во акцијата неофицијално е приведен и неговиот син, а осомничени се вкупно 15 лица и 3 фирми.
Гури претходно беше сменет кога неговата матична партија ДУИ почна да ги разрешува функционерите што ѝ се приклучија на огнената група.
Осомничените се апсат за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, затајување данок и перење пари.
Од МВР и ОЈО ГОКК официјални детали најавија за подоцна.