петок, 24 јануари 2025
Проблеми во соблекувалната

Фудбалерите на Челси сега се каат што потпишале договори до 2030 или 2031 година

Денешното издание на Атлетик пишува за проблеми во соблекувалната на Челси, добар дел од фудбалерите почнуваат да се каат што ставиле потпис на толку многу долги договори.

Објавено на

часот

Сподели

Новиот сопственик на Челси, Тод Боли троши како никој претходно, во две години одвои над 1 милијарда фунти на засилувања. Со цел да ги заобиколи правилата за Финансиски фер плеј, фудбалерите ставаа потписи на долгогодишни договори, има 15 фудбалери кои се обврзани до 2030 или 2031 година.

Денешното издание на Атлетик пишува дека добар дел од фудбалерите сега почнуваат да се каат што ставиле потпис на толку долги договори.

Во приватни разговори тие се жалат дека не го гледаат „големиот проект“ кој им „бил продаден“ кога пристигнувале на „Стемфорд Бриџ“ и како работите не одат според планот.

Челси во моментов е на позицијата број 11 на табелата во Премиерлигата, има повеќе порази од победи и негативна гол разлика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ