На традиционалниот куп на кој се натпреваруваат фудбалски клубови составени од играчи од македонската заедница од повеќе градови во Австралија, учествуваа рекордни 16 клубови.
Тие настапија со 35 тимови поделени во неколку категории. Во изминатиот викенд се одиграа вкупно 70 натпревари.
Во дивизиите 1 и 2 за мажи победија Бенкстоун Сити Лајонс и Ркдејл Сити Санс – Илинден. Во категоријата за мажи над 35 години најдобар беше ФК Шелхарбор. Најдобар женски клуб беше Броудмедои Меџик, а кај младинците победи Рокдејл Сити Санс.