Во 15. минута од натпреварот Едуардо Бове колабираше на теренот и почна да се грчи. Следуваше брза интервенција на медицинската екипа и паника меѓу играчите.
Фудбалерите на двете екипи го обиколија Бове на теренот додека се укажуваше медицинската помош.
Младиот играч беше однесен на носилки во болница со амбулатно возило, а натпреварот беше прекинат и одлучено е да не се доигра денеска.
На лицата на сите на кои беа присутни можеше да се види паника, кај навивачите, фудбалерите и судиите, на некои од нив имаше и солзи на очите.
Во текот на денот ќе се знае повеќе за состојбата на Бове.