петок, 25 октомври 2024

ФСБ: Убиен е Белорусин, планирал терористички напад во име на Украина

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека е убиен државјанин на Белорусија, за кого тврдат дека планирал терористички напад во име на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс пренесува дека мажот бил убиен во рускиот регион Карелија, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости.

ФСБ наведува дека заплениле оружје и импровизирана експлозивна направа и додаваат дека планирал да крене во воздух административна зграда во градот Олоњец, 250 километри од границата со Финска.

„За време на апсењето, криминалецот почна да пука во припадниците на специјалните сили и е неутрализиран во пресметката“, се додава во соопштението.

РИА објави и снимка која прикажува неколку ФСБ агенти како влегуваат во разрушена, неосветлена зграда, викаат „излези“, а потоа пукаат. Потоа на снимката се гледа човек како лежи мртов, со пиштол покрај телото.

Руските медиуми објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека мажот се вика Николај Алексеев, дека има 49 години и дека е активист од Белорусија кој учествувал во тамошните протести на опозицијата во 2020 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ